Додека цело Скопје беше оставено да се дави во смет, синоќа во Центар се гледаше една сосема поинаква слика. Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите на општината, до доцна по полноќ ги чистеа и ги миеја улиците затрупани со смет. Просторот околу контејнерите беа преполни, а паркинг-местата узурпирани од ѓубре, сцена која уште еднаш ја потврди негрижата на ЈП „Комунална хигиена“ и на Градот Скопје.
„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните. Ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите,“ изјави Герасимовски додека им помагаше на екипите на терен.

Општина Центар не е првпат да ја врши работата на Градот. Четири години, локалната самоуправа го чисти сметот, а во февруари, секојдневно се организираа акции за чистења во рамките на кампањата „Центар не чека, Центар чисти“. И тогаш, како и денес, градските власти немаа ниту слух, ниту чувство за одговорност.
„Ако Градот не ја преземе својата должност, нашите служби ќе продолжат со чистење. Граѓаните заслужуваат почисти улици и нормален градски ред,“ рече градоначалникот.
Како што најави самиот, и денеска хигиеничарите продолжуваат со акција на терен, расчистувајќи ја општината, населба по населба.