Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа несекојдневна сцена на улиците на Њујорк кога полициски кордони го запреа неговото движење за да се ослободи траса за претседателската колона на Доналд Трамп. На видеоснимка што брзо се рашири на социјалните мрежи се гледа како Макрон, излезен од возилото и потпрен на металната ограда, со насмевка му вели на полицаецот — пуштете ме да поминам“, а потоа на шега му се јавува на Трамп: „Хеј, како си? Замисли, стојам на улица затоа што сè е замрзнато за тебе, ха!“
Епизодата се случи веднаш по неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, на кое Франција формално ја призна палестинската држава — потег што го заостри тонот во односите со Вашингтон и Тел Авив. „Ништо, ништо не ја оправдува продолжената војна во Газа“, рече Макрон од говорницата, предупредувајќи дека мирот „не може повеќе да чека“ и дека светот е „момент пред да ја испушти шансата“ за политичко решение.
Додека американската полиција љубезно се извинуваше и објаснуваше дека улиците се затворени заради претседателската колона која се движи со повеќе од десет возила, Макрон беше принуден да тргне пеш кон француската амбасада — сè уште на линија со Трамп. На снимките се гледа како поздравува минувачи, позира за фотографии и со смеа прифаќа и спонтан бакнеж на глава од случаен обожавател.
Телефонскиот разговор, иако шеговит, се случи во момент на дипломатска напнатост: САД и Израел го бојкотираа самитот на кој Макрон ја соопшти одлуката за признавање, а Трамп претходно ја оцени таа линија како „наградa за Хамас“ и „перформативен гест“ што „ништо не менува“. „Тој е ОК, тимски играч — но тоа што го кажува нема тежина,“ изјави Трамп уште во јули, иако денеска, според описите на сведоци, тонот на двајцата лидери бил опуштен.
@racin2025 📌Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа несекојдневна сцена на улиците на Њујорк кога полициски кордони го запреа неговото движење за да се ослободи траса за претседателската колона на Доналд Трамп. На видеоснимка што брзо се рашири на социјалните мрежи се гледа како Макрон, излезен од возилото и потпрен на металната ограда, со насмевка му вели на полицаецот — пуштете ме да поминам“, а потоа на шега му се јавува на Трамп: „Хеј, како си? Замисли, стојам на улица затоа што сè е замрзнато за тебе, ха!“ Читајте повеќе на Рацин.мк #fyp #goviral #foryou #viralvideos ♬ original sound – РАЦИН.мк