Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поплави во Италија евакуирани околу 900 лица

Околу 900 лица се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови.

Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА.

Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итните случаи, вклучувајќи ги многумината кои допатувале од соседните региони.

Железничкиот оператор РФИ соопшти дека поради екстремни временски услови мораше да бидат прекинати услугите на линиите Болоња-Римини, Форли-Римини, Ферара-Римини и Равена-Римини.

Во регионот Марке, силни поплави беа пријавени во градот Пезаро, додека властите на Сенигалија апелираа граѓаните околу реката Миса да се преселат на горните катови на зградите.

Нов бран на екстремни временски услови се појави откако Емилија Ромања беше погодена од невреме на почетокот на месецот во кое две лица загинаа.

ИТАЛИЈАПОПЛАВИ

Зачлени се на нашиот е-билтен