Со „Диџеј Ахмет“ завршува ИФФК „Браќа Манаки“. Режисер на дилмот е Георги М. Унковски, а кинематографер е Наум Доксевски, вечер во Битола завршува 46-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Според програмата, пред проекцијата на филмот, доделени ќе бидат Специјална Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, и традиционалната награда на Друштвото на филмските професионалци на Македонија, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која годинава му припадна на филмскиот композитор Кирил Џајковски.
На фестивалската сцена во Битола, меѓународните стручни жири комисии ќе ги прогласат победниците на ИФФК „Браќа Манаки“ и ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на кинематографери во филмовите од официјална конкуренција, а ќе бидат доделени и мала „Камера 300“ и железна „Камера 300“.