Лами: „Велика Британија ќе биде со Украина денес, утре и следните 100 години“

Велика Британија на Генералното собрание на Обединетите нации потврди дека ќе ја поддржува Украина во одбрана од заканите од Русија, истакна заменик-претседателот на британската влада, Дејвид Лами.

Лами потврди дека Велика Британија ќе биде со Украина „денес, утре и за сто години“.

„Клучно е да се брани темелните вредности на Повељата на ОН“, нагласи тој, додавајќи дека неговата земја ја поддржува Украина бидејќи е важно да се зачуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и почитувањето на меѓународното право, а светот ќе трпи ако агресијата остане неказнета.

Заменик-претседателот ги повика земјите членки на ОН да придонесат за воспоставување праведен и траен мир кој ќе го зачува интегритетот на Повељата и ќе ѝ овозможи на Украина да излезе од суровата руска агресија како суверена, сигурна и независна држава.

„Додека украинскиот претседател на секој чекор покажува посветеност на мирот, Владимир Путин брутално лансира сè повеќе проектили и дронови врз украинскиот народ“, рече Лами.

Тој исто така нагласи итна потреба од реформа на ОН за организацијата да може ефикасно да одговори на глобалните предизвици.

Претходно оваа недела Велика Британија предупреди дека ескалацијата од Русија го отвора патот за директна конфронтација со НАТО.

Зачлени се на нашиот е-билтен