Коњановски ветува стабилност, развој и нови успеси за Битола, ако биде повторно избран

Коњановски

Тони Коњановски најавува стабилност, развој и нови успеси за Битола, ако биде повторно избран. Со овие пораки им се обрати на битолчани на почетокот на изборната кампања.

Вели дека зад себе остава мандат со посветена работа, во кој од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места оставил јавни за градот којшто заслужува да има иднина и да биде поквалитетно место за живеење.

Во изјавата по повод почетокот на кампањата ветува соодветен булеварски влез ќе има од страната на Охрид и јавен превоз како една од најзначајните задачи во следниот мандат, ако го добие.

Најавува и уредување на реката Драгор по светски стандарди и модернизација на градската инфраструктура, со нови улици, велосипедски патеки и современи јавни простори. Ќе продолжи да инвестираме во зелената иднина преку паметни решенија, со што Битола ќе чекори стабилно кон одржливиот урбан развој. 

Тој и неговиот тим ќе продолжат да работат на создавање на нови работни места, да привлекуваат инвестиции за да ги задржат младите, нудејќи им квалитетен живот со јакнење на локалната економија со социјален напредок.

Зачлени се на нашиот е-билтен