„Нема трета опција“ или старт на кампања со тесна рамка?

Локалната трка од 19 октомври влезе во официјален ритам со порака што сака да ја сведе политичката понуда на „или–или“. ВМРО-ДПМНЕ ја отвори кампањата од Скопје со слоган „За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, симболично спојувајќи локална близина („твојот човек“) со наратив за иднината, во обид локалното да се претстави како референдум за поширока политичка насока. Првиот ден од кампањата ја смести темата на терен: инфраструктурата и комуналното, но со јасна партиска рамка во позадина.

Токму во таа рамка премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја пласира клучната теза: „на овие избори нема трета опција“ — од една страна коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, од другата, како што ја нарече, „јавно профилирана коалиција СДСМ-ДУИ-Левица“. Дополнителното заострување е пораката кон апстинентите: седењето дома, вели Мицкоски, е „директен глас“ за противничката коалиција. Таквата реторика ја кондензира трката во бинарна формула, пресметувајќи дека поларизацијата мотивира излезност и дисциплинира гласачка база.

Премиерот не смее да дозволи да покажува вакви слабости во политичкиот дискурс, од едноставна причина, затоа што покажува страв од противничките политики, кои јасно го маркираат недостатокот на владеење и капацитет во урбаните средини на кандидатите кои убедливо ги доби ВМРО-ДПМНЕ на претходните избори, со мандат дека ќе средат се што опозиционата СДСМ не среди.

Зачлени се на нашиот е-билтен