Шукова ветува 15 паркови за 15 месеци и 10.000 нови дрвја во првата година

Во програмата на Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на СДСМ за Скопје, се наведува дека зелените површини се клучни за квалитетот на животот во градот и затоа таа ветува 15 паркови за 15 месеци и 10.000 нови дрвја во првата година.

Тргнувајќи од потреба за стратегија за заштита и проширување на своите зелени простори, Шукова поголеми зелени површини и билошка разновидност во градот со план во три фази:

На краток рок програмата на Шукова најавува заштита на постојните паркови и зелени површини од дополнителна урбанизација. Во оваа фаза е предвидено засадување на 10.000 нови дрвја низ градот рехабилитација на запуштените градини и паркови.

Спроведување на институционални и технички реформи на ЈП „Паркови и зеленило“ и повторно сопствено производство на цвеќиња и садници во ова јавно претпријатие.

На среден рок во програмата на Шукова е предвидено создавање нови паркови во густо населените области коишто моментално немаат доволно зелени површини, како и развој на зелен појас околу градот што ќе ги ограничи урбаното ширење и загадувањето.

Во третата фаза, на подолг рок предводено е поврзување на сите паркови и зелени површини во една мрежа на „еколошки коридори“.

Во оваа фаза се планира заштита на биолошката разновидност во и околу градот преку специјални програми за заштита на домашните видови и создавање урбани градини и земјоделски површини во соработка со локалните заедници.

Зачлени се на нашиот е-билтен