Партијата на пензионери, најостро ја осудува појавата на нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, во неколку приватни установи за оваа намена во Скопје, се вели во соопштението од Партијата на пензионери.
Партијата на пензионери, исто така потенцира дека на вакви појави укажувала во повеќе наврати во минатото.
„Исто така даваме полна поддршка на институциите за темелно и доследно справување со ваквите и сличните инциденти во целата држава. Грижата за највозрасните граѓани е еден од основните постулати на секое современо општество, а воедно и едно од основните принципи и темели на работата на Партијата на пензионери.“, пишува во соопштението.