Министерството за одбрана не го коментира учеството на владиката Петар на молитва за руските војници во Украина во Москва

Министерството за одбрана не коментира активности на Македонската православна врква, ниту пак активности на останатите религиски заедници во државата.

Министерството за одбрана е во постојана комуникација и координација со сите безбедносни институции во државата како и со сојузничките земји со една цел – зачувување на безбедноста и стабилноста на земјата.

Ова е одговорот на Министерството за одбрана на прашањето на Рацин.мк за учеството на владиката Петар на литургијата во Москва на која тој сослужуваше со патријархот на Руската православна црква Кирил, кој во неговите служби редовно се моли за победда на руските војници во Украина.

Како што веќе беше објавено, Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, заедно со еден од неговите викарни епсикопи, Никола, е во Русија и служат литургија со Рускиот патријарх Кирил.

Ова екслузивно го објави порталот Религија.мк со дополнување дека на литургијата учествувал и владиката Антониј, шефот на руската црковна дипломатија и уште неколку други архиереи на Руската црква во манастирот Свети Сергеј Радоњишки близу Москва.

Религија.мк тврди дека заминувањето на Петар и Никола за Москва било инкогнито, бидејќи ниту неговата епархија, ниту пак црковниот портал Литургија.мк не ја најавија неговата посета.

Порталот укажува дека ова е за прв пат македонски архиереи да отпатуваат во Москва, на служба со рускиот патријарх. На оваа литургија владиците Петар и Никола ќе се молат за победата на Русија во Украина и за спасение на Света Рус, молитва што Рускиит патријарх ја внесе во литургиите на Руската црква, по окупацијата на Русија врз делови од Украина, нешто пак што најголем дел од православните цркви го оценија како ерес.

Петар е еден од ретките владици во Православниот свет, покрај владици на Српската и Бугарската црква, кои во Москва заминале за да скужат литургија со Руската црква, по инвазијата на Русија врз Украина, и отворената поддршка што Патријархот Кирил ја дава на руските воени сили.

Инаку, владиката Петар имаше намера да патува во Москва и пред речиси две години, но поради дипломатските односи меѓу Македонија и Русија, поради фактот што Русија ја има вброено Македонија во списокот на непријателски земји, најверојатно тогашните безбедносни служи на државата не го дозволија негово заминување за Москва.

Рацин.мк, во врска со ова испрати прашања со Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана за коментар или став за оваа посета на владиката Петар бидејќи таа е во спротивност на позициите на нашата земја како членка на НАТО и како дел од земјите членки на ЕУ и на другите европски земји, поддржани од САД, во однос на Руската Федерација.

Од Министерството за одбрана го добивме одговорот, а од Министерството за надворешни работи се’ уште го очекуваме.

Зачлени се на нашиот е-билтен