Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари организира креативна јавна акција под наслов „Граѓаните избираат: Здравје за сите!“, со цел да се подигне свеста на правото на еднаков пристап до здравствена заштита, особено за жените, девојките и маргинализираните заедници. Настанот ќе се одржи во понеделник на 13 октомври 2025 година од 11:00 до 14:00 часот на Плоштад кај Amaro Mall во Шуто Оризари.

Во центарот на акцијата ќе биде поставена голема симболична гласачка кутија, каде граѓаните ќе можат да дадат свој глас и препорака за унапредување на здравствениот систем. Добиените препораки ќе бидат доставени до надлежните институции. На оваа креативна акција ќе бидат поканети и се очекува присуство од партнерски организации во грантот, локални ромски невладини организации, кандидати за градоначалници, носители на советнички листи и кандидати за советници на Општина Шуто Оризари за локални избори 2025 година и ромската заедница.
Пред почетокот на настанот, од 10:45 до 11:00 часот се предвидени изјави за медиуми на Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“, за да се споделат целите на креативниот активизам и пораките кои се пренесуваат преку акцијата. Креативната акција е дел од проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“ што се реализира во партнерство со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, а финансиски е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Со пораката „Секој граѓанин има право на глас – не само на избори, туку и кога се работи за основните човекови права, како што е здравјето“, сакаме да упатиме порака до локалните кандидати дека креирањето политики за маргинализираните заедници треба да биде приоритет во текот на целиот мандат, а не само во изборните периоди и политичките кампањи.
Податоците од нашето истражување покажаа дека над 80% од жените Ромки плаќаат за прегледите и тоа најмногу за ехо-преглед, за време на бременоста и тоа пред се кај матичните гинеколози“. Програмата за партиципација е слабо препознаена и не ги олеснува доволно постоечките