За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д исплатени 19,5 милиони евра

Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила 1.200.875.741 денари (19,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри). 

Од почетокот на годинава,  кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари.

Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, што го објави ЈПДП на својата веб-страница, во август годинава изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Зачлени се на нашиот е-билтен