[Видео] Ливриниќ: Бутел заслужува и женски ракометен клуб

Оливера Лавриниќ

Бутел заслужува и женски ракометен клуб, порачува кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, која присуствуваше на натпреварот од Првата ракометна лига помеѓу екипите на Алкалоид и Бутел, одигран во салата во Автокоманда.

„Мојата ќерка Елена седум години активно играше ракомет за Металург и за Македонската репрезентација. Во истата оваа сала безброј пати сум била како родител, бодрејќи ја со бројот 55 на грбот. Вечерва повторно бев тука, но со мојот тим на советници, бодрејќи за нашите момци од Бутел кои одиграа натпревар со големо срце“, изјави Ливриниќ.

Таа додаде дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, во нејзиниот мандат како градоначалник ќе се заложи Бутел да добие и женски ракометен клуб.

„Ракометот е дел од нашата спортска традиција, а младите девојки во Бутел заслужуваат простор да го следат својот спортски сон. Ќе се борам да ја реализирам оваа идеја, затоа што спортот не познава род — тој создава заедништво, дисциплина и дух на победа“, нагласи Ливриниќ.

Бројот на дресот на Елена Ливриниќ во Металург и македонската репрезетација биле две 5 или 55, на изборното ливче Оливера Ливриниќ е под реден број 5 – симбол кој носи победничка енергија и континуитет на љубовта кон спортот и заедницата.

Зачлени се на нашиот е-билтен