Понудата на среброто е под минимумот, а побарувачката ги надминува границите, Центата на среброто го сруши рекордот.

Цената на среброто денес скокна за повеќе од четири проценти, достигнувајќи рекорд од околу 51 долар (околу 44 евра) за унца, што се припишува на растечкиот интерес на инвеститорите за безбедни инвестиции.

Со ова зголемување, цената на среброто го надмина претходниот врв забележан во 1980 година, продолжувајќи го силниот тренд на пораст забележан оваа година.
Среброто порасна за повеќе од 70 проценти во 2025 година, надминувајќи го златото, поради фискалните ризици во САД, можноста за намалување на каматните стапки, прашањата за независноста на Федералните резерви (ФЕД) и загрижувачките нивоа на глобален дефицит и долг.
Ограничената достапност на слободно сребро на лондонскиот пазар дополнително го поттикна растот на цените, додека побарувачката за овој скапоцен метал, што вклучува и инвестиции и индустриска употреба во соларни панели и ветерни турбини, се очекува да ја надмине понудата во 2025 година по петта година по ред.