На 8 октомври 2025 година, во Собранието на Република Македонија беше доставен предлог од Владата за измени на Законот за додадена вредност (ДДВ), кој предвидува укинување на ослободувањето од плаќање на ДДВ за производите што граѓаните ги нарачуваат од странство, ако нивната вкупна вредност не го надминува износот од 22 евра.

Тоа отвори бројни прашања кај граѓаните, особено кај младите, кои се меѓу најчестите онлајн купувачи.
Екипата на Рацин спроведе анкета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за да дознае што мислат студентите за оваа промена и како таа ќе влијае на нивните навики при купување.
Одговорите беа поделени. Дел од анкетираните изјавија дека редовно купуваат онлајн и дека мерката негативно ќе се одрази на нивниот џеб, додека други признаа дека воопшто не нарачуваат преку интернет – не поради цените, туку поради недоверба во онлајн страниците и страв од интернет плаќања.
Кога станува збор за новиот владин предлог, повеќето студенти се изјаснија дека не им се допаѓа и дека ќе ја ограничи слободата на избор при купување. Сепак, помал дел од нив веруваат дека оваа мерка би можела да ја поттикне продажбата на домашни производи и да придонесе за економијата.