Рускиот амбасадор се воодушевуваше на Св. Богородица Перивлепта во Охрид што ја обнови американската амбасада во Скопје со 650.000 долари

Фотографија преземена од Религија.мк

Македонската православна црква – Охридска архиепископија одбележаа 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид.

Литургијата во еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, како што известува Религија.мк, ја отслужил Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и епископите Хераклејски Климент и Стобиски Јаков.

Специјален гостин на литургијата беше рускиот амбасадорот Сергеј Баздникин, кој бездруго се воодушевувал од архитектурата и артефактите во црквата од 13-ти век.

Инаку, Света Богоридица Перивлепта (Богородица што гледа сѐ) во Охрид беше спасена од пропаѓање благодарение на грантот Амбасадорски фонд, што во 2009 година беше доделен од страна на Амбасадата на САД во нашата земја.

Долги години протекуваше покривот на црквата. Дождовите навлегуваа во ѕидовите, а од влагата се создаваа напластени соли од кои најмногу страдаа фреските.

Од Фондот за културна заштита на амбасадата на САД во нашата земја беа издвоени 650 илјади американски долари за спас на Перивлепта. Во акцијата учествуваа околу 70 стручни лица од Заводот за заштота на спомениците на културата и музеј од Охрид и од Националниот конзерваторски центар од Скопје, со стручна поддршка од странски експерти предложени од УНЕСКО и Советот на Европа, Донатела Зари и Карло Џантомаси од Италија за живописот и Алкивиадис Препис од Грција за архитектурата на црквата. По седум години заврши комплексната санација на охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“ од 14 век, еден од најважните споменици на византиската уметност. Вредниот живопис, дело на големите зографи Михајло и Евтихиј кои во Охрид создале едно од најголемите достигувања во византиската културна експресија на почетокот на 13 век стана конечно заштитен.

Зачлени се на нашиот е-билтен