Британскиот крал Чарлс III и поглаварот на Католичката црква, папата Лав XIV, следната недела ќе се помолат заедно во Сикстинската капела – историски настан кој ќе го одбележи првиот заеднички молебен на британски монарх и римски папа од времето на реформaцијата во 16 век, објави BBC.
Настанот ќе се случи за време на државната посета на кралот Чарлс и кралицата Камила на Ватикан. Под сводовите на прочуената капела, која ја осликувал Микеланџело, ќе се соберат свештеници и хорови од Католичката црква и Црквата на Англија – чиј поглавар е британскиот крал.
Посетата се смета за значаен симбол на помирување меѓу двете цркви. Првично беше планирана порано, но беше одложена поради здравствената состојба на поранешниот папа Фрањо.
За време на државната посета, на 22 и 23 октомври, ќе се одржат средби и богослужби кои ќе ги нагласат добрите односи меѓу Црквата на Англија и Католичката црква.
Според извори од Бакингемската палата и Црквата на Англија, не постои забележан момент во историјата кога британски монарх и папа се молеле заедно на заедничка служба откако кралот Хенри VIII ја одвои Англија од Рим во 16 век.