Дијалогот за општ коективен договор започнат лани се врати на маса сега, вели за Рацин.мк вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Во овој мемент имаме две методолигии кои ги преговараме. Едната што ја понудувме ние е сите плати во јавниот сектор да се дефинираат според минималната плата како основна, плус бод, плус помножена со вредност на бодот. Тоа е еднa методологија во која се содржи и проекција како платите би расtеле во наредните 4 години. По оваа методологија по која ги имавме деталните калкулации, еден помлад соработник со високо образование, со сегашна плата од некаде 24 000 денари би требало за 4 години да постигне основна плата од 38 000 денари, плус додатоците што му следат, објаснува Битиќи.
Но како што тврди тој Синадикатите не се сложиле со оваа методолигија и бараат за основица да се земе просечната плата која е повисока и сега изнесува 33,720 денари и таа да се множи со коефициент на сложеност.
Владата ги прифатила барањата на Синдиикатот и според зборовите на вицепремиерот сега се прават калкулациите затоа што ова е многу посложена методологија што треба да регулира се во јавниот сектор што опфаќа 136 000 работници. Но, уверува Битиќи не е точно дека оваа методолигија е поскапа па Владата одбегнува да ја примени.
Затоа што вели тој и едната и другата методолигија водат до исто решение.
– Да, просечната плата е повисока од минималната, но коефициентите на сложеност се детерминирани. Највисокиот е оној на претседателоот на државата или на Уставен суд во висина од 5. Решението што сега е дадено од страна на Синдикатот е полошо од нашето решение. Ако според нашите проектции помладиот соработник за 4 години би земал 38.000 денари плата, според коефициентот што го понуди синдикатот од 0,8. тој помлад соработник би земал 27 000 денати плата, дури и да има проекција на раст на просечната плата. Еве просечната и да порасне на 40 000 денари, коефициентот секогаш ќе ја намалува и таа на помладиот соработник ќе изнесува 32.000. Ние велиме со нашата методолигија ќе зема 38.000“, објаснува Битиќи.
Според Битиќи Владата се залага да се упрости дефинирањето на плати во државата, наместо постојните 200 правни акто кои регулираат плати во јавен сектор, и преку општиот колективен договор и другите закнски решенија да се сведат на најмногу пет до шест решенија.
– За методолгојата во преговорите со синдикатот сме при крај. Кога ќе завршиме ќе се договориме од кога тоа ќе се апплицира. Може аплицирањето да биде етапно или постапно. Досега немало систем. Ние сакаме да направиме систем. Нарушениот систем не може да се порави преку ноќ треба време, дециден е Битиќи.