Крстевски од Кочани: Сакаат во чевлите на претходниот градоначалник да стават друг од истата партија и да ги тераат старите шеми

Крстевски

„Институциите се составени од партиски кадри коишто вместо да служат за потребите на народот, тие служат за потребите на партијата. Затоа имаме нефункционални институции. Затоа се случуваат трагедии, а гледаме дека во партиите кој да доаѓа, имињата се различни, меѓу тоа навиките се исти“, истакнува во интервју за Рацин.мк Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник во Кочани, кому против канидат во вториот круг му Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Тие сакаат во кундурите на Љупчо Папазов, предходниот градоначалник, да стават некој друг и повторно со нивните познати шеми да управуваат со градот, со институциите и да создадат систем којшто е неподнослив за младите и систем којшто создава трагедии“, посочува Крстевски.

Тој вели дека се согласува со барањата на родителите и роднините на жртвите од пожарот во Кочани за правда со промена на системот, затоа што, како што вели Крстевски, правда ќе има доколку го смениме системот и има одговорност за вистинските виновници. „Ги повикувам и родителите да ми помогнат да го смениме системот. Системот којшто ја создаде оваа трагедија не може да биде решение ако изгради споменик во Кочани. Ние мора да го смениме системот, бидејќи дали тој споменик, дали, таа сала, којашто ќе го носи името 16-ти март или катна гаража, нема да биде правда. Правда ќе има доколку го смениме системот и има одговорност за вистинските кривци“, нагласува во интервјуто за Рацин.мк Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник на Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен