Во Ватикан средба папа Лав – Орбан

Папата Лав и Орбан разговарале и за актуелните меѓународни прашања – војната во Украина и ситуацијата на Блиски Исток.

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи антивоените напори на Унгарија.

Како што соопшти Ватикан, папата и Орбан на речиси едночасовната средба „ја истакнале силата на билатералните односи и изразија благодарност до Католичката црква, која е посветена на придонесот за социјалниот развој и благосостојбата на унгарската заедница, со посебен осврт на улогата на семејството, образованието и иднината на младите, како и важноста на заштитата на најранливите христијански заедници“.

Папата Лав и Орбан разговарале и за актуелните меѓународни прашања – војната во Украина и ситуацијата на Блиски Исток.

Предвидено е Орбан во Рим да се сретне и со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Зачлени се на нашиот е-билтен