Прилеп во мрак, во прашање е голем дефект на далноводот

Општина Прилеп попладнево соопшти дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот што го предизвика прекинот во снабдувањето со електрична енергија.

Станува збор за дефект на далноводот Прилеп – Кавадарци, поради кој голем дел од градот, како и повеќе околни населени места, останаа без струја.

Од Општината ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање, нагласувајќи дека се во постојана комуникација со службите и дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови информации поврзани со состојбата.

Зачлени се на нашиот е-билтен