Јапонија го носи духот на својата култура во Скопје и Битола со концерти и филмска недела

Амбасадата на Јапонија ќе го прослови „Денот на културата“ (се прославува секоја година во Јапонија) прв пат со концерт на јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола.

Секој 3ти ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката.

Голем број на настани се одржуваат во Јапонија на овој ден, меѓу кои и церемонијата за доделување на „Орден за култура“ во Царската палата во Токио. Царот ги доделува наградите на добитниците со извонреден придонес во науката, уметноста и културата.

Околу овој датум се одржуваат многу фестивали за уметност и култура, доделувања на награди во организација на приватни и јавни установи во земјата. Тука ќе го прославиме со:

04.11. | 19 ч. | Музеј на македонската борба за независност | НИХОН МИНЈО КОНЦЕРТ

13.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Под отворено небо“

14.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Нико од рибарското пристаниште“

15.11. | 11 ч. | во Кинотека проекција на „Пингвински автопат“

15.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „ВОТАКОИ: Љубовта е тешка за отаку“

17.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Изнајми мачка“

18.11. | 19 ч  | во Кинотека проекција на  „Бурманската харфа“

19.11.  | 19 ч |  во КИЦ – Битола проекција на „Под отворено небо“

20.11.  | 19 ч | во КИЦ – Битола проекција на „ Бурманската харфа “

Зачлени се на нашиот е-билтен