Мицкоски: Гласот е тивок, но моќен инструмент

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, денеска го оствари своето избирачко право, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат.

„Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас – обврска што секој граѓанин ја носи како дел од оваа татковина“, изјави Мицкоски по гласањето.

Тој нагласи дека „гласот е тивок, но моќен инструмент“, охрабрувајќи ги граѓаните да ја искористат можноста за да го изразат своето убедување и да донесат вистинска одлука.

„Ова е ден кога народот зборува – ден кога секој од нас има еднаква тежина, чест и одговорност. Нашиот глас е нашата сила, да ја искористиме достоинствено“, порача Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен