Висока излезност и мирен изборен ден во вториот круг, оценува Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ

Во вториот круг од локалните избори, гласачите во општините низ Македонија во голем број го искористија своето демократско право, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа нагласи дека изборниот ден поминал во фер, мирна и демократска атмосфера, во согласност со највисоките демократски стандарди и принципи. „ВМРО-ДПМНЕ упатува благодарност до сите граѓани кои денеска излегоа и го искористија своето уставно загарантирано право на глас. Со тоа тие одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на својата општина и во кој правец ќе се развива во наредните четири години“, рече Андоновска.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија, излезноста во вториот круг е значително повисока во споредба со првиот, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува потврда за големата волја на граѓаните активно да учествуваат во демократските процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен