ВЛЕН: Граѓаните покажаа висока демократска култура во вториот круг

Вреди

Коалицијата ВЛЕН оцени дека вториот круг од локалните избори се одвивал во фер и демократска атмосфера, без поголеми неправилности, и дека граѓаните покажале високо ниво на одговорност при остварувањето на своето избирачко право.

„Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без значајни неправилности и во духот на граѓанска одговорност“, соопштија од ВЛЕН на денешната прес-конференција.

Од коалицијата изразија благодарност до сите граѓани кои мирно и достоинствено гласале, покажувајќи, како што велат, висока демократска култура.

ВЛЕН очекува Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да ја спроведе со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.

„Нашите информации од теренот укажуваат дека кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба“, велат од коалицијата, додавајќи дека ќе го следат процесот до објавување на конечните резултати и ќе останат посветени на фер избори и зајакнување на довербата во демократските процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен