ВМРО-ДПМНЕ најавува триумф: Граѓаните ни дадоа доверба, нема да ја изневериме

ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека ќе оствари убедлива победа во вториот изборен круг, а особено во главниот град. Пратеникот Валентин Манасиевски изјави вечерва дека партијата очекува „огромна победа“ во сите општини каде има свои кандидати за градоначалници, како и „убедлива победа во Скопје“.

„Изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Очекуваме одличен резултат и разликата во вториот круг дополнително да се зголеми во наша корист. Граѓаните ни ја дадоа довербата и нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со уште поголема посветеност и одговорност,“ истакна Манасиевски на прес-конференција.

Тој оцени дека изборите биле фер и демократски, додавајќи дека „Македонија по долго време имала вистински европски избори“ и дека земјата покажала политичка зрелост со мирен и достоинствен изборен процес.

Зачлени се на нашиот е-билтен