Според првичните и неофицијални податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бележи значително водство во повеќе општини ширум земјата, меѓу кои се Град Скопје, Карпош, Кочани, Валандово, Пробиштип и Аеродром.
Во Скопје, според моменталните бројки, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со сооднос од приближно 2,5 спрема 1 во однос на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски има околу 11.000 гласови, додека Мециновиќ околу 4.000.
Во Карпош, како и во Аеродром и Кочани, водството исто така му припаѓа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат податоците од нивниот аналитички центар.
Според досегашните резултати по општини:
- Скопје: ВМРО-ДПМНЕ – 11.094, Левица – 4.090
- Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 224, СДСМ – 24
- Пробиштип: ВМРО-ДПМНЕ – 332, СДСМ – 174
- Кочани: ВМРО-ДПМНЕ – 466, Венко Крстевски (независен) – 328
- Валандово: ВМРО-ДПМНЕ – 249, СДСМ – 157
Иако засега не е познат процентот на излезност од кој потекнуваат овие резултати, трендот, според извори од партијата, останува стабилен и во корист на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од опфатените општини.

