Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Владко Грозданов, е новиот градоначалник на општина Кочани, откако вечерва ја прогласи својата победа на локалните избори.
Во своето обраќање до граѓаните, Грозданов изрази благодарност за довербата што му ја укажале и истакна дека за него оваа победа претставува одговорност, а не само политички успех.
„Чест ми е да ви се обратам со искрена благодарност за вашата доверба. Ова не е само моја победа, туку заедничка задача пред сите нас. Како што ветив, ќе работиме со чист образ, од првиот до последниот ден,“ напиша Грозданов на својата официјална страница на Фејсбук.
Тој додаде дека започнува период на „неуморна работа и обединување“ со цел да се обезбеди понатамошен развој на Кочани и подобар квалитет на живот за сите граѓани.
„Време е сплотени да го вратиме сјајот на Кочани и да ја претвориме довербата во конкретни дела,“ порача новоизбраниот градоначалник.

