ВМРО-ДПМНЕ освои две третини од општините во вториот круг на локалните избори

Според најновите податоци од Државната изборна комисија, по обработени 94% од избирачките места, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ освојува 21 општина и Градот Скопје од вкупно 33 општини каде што се гласаше во вториот круг на локалните избори 2025 година.

По бројот на освоени градоначалнички мандати следува нивниот коалициски партнер од албанскиот блок, ВРЕДИ, со 4 општини, потоа СДСМ со 3, а по една општина освојуваат ДУИ, ЗНАМ, Унијата на Роми, како и еден независен кандидат.

ВМРО-ДПМНЕ победува во: Скопје, Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

ВРЕДИ победува во: Боговиње, Дебар, Долнени и Тетово.

СДСМ има победа во: Зрновци, Македонска Каменица и Центар.

По една општина освојуваат: ДУИ во Студеничани, ЗНАМ во Куманово, Унијата на Роми во Шуто Оризари, додека независен кандидат победува во Струга.

Со овие резултати, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ обезбедува речиси апсолутно мнозинство на локално ниво, со доминантно присуство во најголемиот дел од општините низ државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен