Повторно дронови над белгиската воена база Клајне Брохел

дронови

Четири дронови синоќа се забележани синоќа над белгиската воена база Клајне Брохел, која ја користи НАТО.

Претходно, министерот за одбрана на Бегија, Тео Франкен изјави дека дронови биле забележани и во ноќта од сабота кон недела. Против нив бил употребен прекинувач на сигнали, но без успех.

Според Франкен, дроновите биле големи и „не станува збор за рутински прелет, туку за јасна мисија насочена кон базата Клајне Брохел.

Беспилотно летало било забележано и над аеродромот во Антверпен.

Воената база Клајне Брохел, во регионот Фландрија, во октомври беше дел од годишната воена вежба на НАТО за одбрана на територијата на Алијансата со нуклеарно оружје, во која учествуваа околу 2.000 војници.

Според непотврдени информации, воздухопловната база е една од локациите во Европа каде што се складира американско нуклеарно оружје.

Зачлени се на нашиот е-билтен