Под урнатата кула во близина на римскиот Колосеум има затрупано луѓе, центарот на Рим е блокиран (ВИДЕО)

Кулата е изградена во 1238 година во близина на Колосеумот во Рим, во центарот на италијанската престолнина. Изградбата ја одобрил папата Инокентиј III.

На социјалните мрежи се појави видео од паѓањето на кулата во близина на Колосеумот во Рим, Италија. Инцидентот се случил денес околу 11 часот наутро додека работниците биле внатре.

Неколку луѓе биле затрупани под урнатините. Според последните информации, четири лица биле извлечени, а уште еден маж наводно бил затрупан.

На снимката се гледа како кулата се урива, а подоа се гледа огромен облак од чад и прашина, и од тој момент не може ништо да се види. Набрзо се слуша само звукот од паѓање камења.

Кога е изградена кулата што се урна?

Кулата е изградена во 1238 година во близина на Колосеумот во Рим, во центарот на италијанската престолнина. Изградбата ја одобрил папата Инокентиј III. Во времето на инцидентот, кулата била во процес на реставрација.

Зачлени се на нашиот е-билтен