Министерството за надворешни работи на Србија со реакција за одлуката на Шведска да ја пренасочи помошта

Министерството за надворешни работи на Србија со ракција за одлуката на Шведска да ја пренасочи помошта

Министерството за надворешни работи на Република Србија ја информира српската јавност дека со жалење ги забележала најавите за намерата на Владата на Кралството Шведска да пренасочи дел од развојната помош наменета за Србија, со образложение кое се однесува на наводни проблеми во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата.

„Ваквите ставови, доколку се официјални, не ја одразуваат реалната состојба или духот на партнерство што постои меѓу нашите две земји со години. Србија е суверена држава која ги спроведува своите реформи во согласност со уставот, законите и европските обврски, но не под притисок, услови или политички етикети. Нашата земја целосно го почитува правото на секоја држава самостојно да ги одредува своите приоритети, но во исто време очекува евалуациите на институционалните процеси да се базираат на објективни и проверливи факти“, информира МНР на Србија.

Од таму додаваат дека во претходниот период, бил постигнат мерлив напредок во бројни области кои директно влијаеле на секојдневниот живот на граѓаните и затоа ‘очекуваат секоја проценка на реформските напори да се базира на реални индикатори, а не на политички наративи или медиумски толкувања’.

„Република Србија останува отворена за соработка со сите партнери кои ги градат своите односи врз меѓусебно почитување и еднаквост, но секогаш решително ќе ги отфрла пристапите што вклучуваат подучување, условување или обиди за внатрешно политичко влијание. Во исто време, таа го продолжува својот европски пат како земја што очекува почитување и што ги донесува своите одлуки независно, во интерес на своите граѓани и стабилноста на регионот“, информираат од српското МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен