Што ќе се случи со цените на нафтата до крајот на годината?

Аналитичарите ги презентираа најновите прогнози за она што ќе се случува со цената на нафтата до крајот на годинава

Минатата недела, цените на нафтата на светските пазари малку паднаа.

Добивките стекнати од претходната недела, паднаа, бидајќи има побавен раст на најголемите економии во светот, па така не се очекува зголемување на побарувачката, додека сè уште има зголемена понуда.

Цената на барел на лондонскиот пазар се минатата недела падна за 1,3 проценти, на 65,07 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 1,0 проценти, на 60,88 долари.

Откако скокнаа околу 7 проценти една недела претходно поради новите западни санкции врз руската нафта, цените минатата недела, малку паднаа.

Во текот на неделата, тие не флуктуираа значително бидејќи побарувачката не беше толку силна како што очекуваа трговците неодамна. Растот на најголемите економии во светот не е многу импресивен, а понудата на нафта се зголемува.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) проценува дека понудата на почетокот на следната година може да биде висока бидејќи производството на САД, Канада, Бразил, Гвајана и Аргентина со растот ја надминуваат побарувачката.

Од друга страна, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) очекува побарувачката да порасне за 1,3 милиони барели дневно следната година, приближно двојно повеќе од очекувањата на ИЕА.

Сепак, ОПЕК и сојузниците на картелот на состанокот во неделата, одлучија во декември да го зголемат производството за само 137.000 барели дневно, исто како во октомври и ноември, односно значително помалку отколку во септември.

Дополнително, ОПЕК+ изјави дека нема да го зголемат производството во првиот квартал од следната година, што укажува дека не се очекува значителен раст на побарувачката и дека, во случај на понатамошно зголемување на производството, пазарот би можел да биде презаситен.

Зачлени се на нашиот е-билтен