Киев: Дел од Бахмут сè уште е под контрола на Украина

Жена го оплакува својот вереник, кој беше убиен борејќи се кај Бахмут. Москва го смета Бахмут како клуч за заземање на целата источна област Донбас (Фото: „Њујорк тајмс“)

Украински војници сè уште има во окупираниот источен украински град Бахмут, соопшти официјален Киев по тврдењата од Русија дека нејзините сили го зазеле целиот град по неколкумесечни борби.

– Нашите војници контролираат одредени објекти во Бахмут и секторот со семејни куќи во областа „Авион“ (Літак), соопшти заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на Телеграм.

Таа информира дека борбите продолжуваат околу ридовите северно и јужно од градот, и оти руските трупи носат дополнителни резерви.

– Одбраната на Бахмут ја исполнува својата воена задача, нагласи Малиар додавајќи дека „офанзивниот потенцијал на непријателот е значително намален и се нанесени огромни загуби на непријателот“.

Според неа, украинската армија „добила на време“ за одредени дејствија.

Во и околу Бахмут во регионот Доњецк со месеци се водат борби. За време на викендот, Москва најави целосно освојување на речиси сосема уништениот град, кој некогаш имал 70.000 жители

Најчитано