Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената на театарот, оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот.
Роденденот Битолскиот театар го слави со премиера и 11. издание на Битола Шекспир фестивалот кој се отвора со премиера на „Макбет” – НУ Народен театар Битола, Македонија. Од 14. до 21. ноември публиката ќе има можност да ужива во претставите од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.
На програмата се:
- 15.11 – “Дванаесеттата ноќ” – Драмски театар „Александар Венгерко“, Бјалисток, Полска, режија: Игор Горжковски
- 17.11 – “Крал Лир” – “Lit Moon Theatre”, САД со почеток од 20 часот, режија: Џон Блондел
- 18.11 – “Еволуцијата на распадот” – Театарско здружение „Артема театарска лабораторија“, Скопје, Македонија, почеток 20 часот, режија : Дамјан Димовски,
- 19.11 – кореодрама “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – Здружение на граѓани Тим Театрос К, Скопје , Македонија, режија: Војо Цветановски, почеток 20 часот
- 19.11– “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија, режија :Мартин Мирчевски, почеток 21 часот,
- 20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија, режија: Филип Пар
Монодрама базирана на извонредната ревизија на Шекспировата ,,Сон на летната ноќ,, од Тим Крауч, - 21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија, режија: Габор Томпа (Романија)..
Прославете со Битолскиот театар 81 година љубов, уметност и аплауз, порачуваат организаторите на фестивалот..

