Јапонија развива авион за патување до САД за само еден час преку вселената

Јапонија

Воздушниот превоз се смета за брз и безбеден начин да се стигне од точка А до точка Б. Сепак, за некои луѓе, дури и тоа не е доволно брзо, па јапонската компанија „Нипон травел“, верувајќи дека патувањето меѓу Јапонија и САД трае предолго – има намера да го скрати времето, за на патниците сѐ тоа да им одзема само еден час.

Во соработка со компанијата „Иноватив спејс кериер“ од Токио, веќе го развиваат авионот „АСКА“ (ASCA), којшто би можел да се користи за брзо движење меѓу далечни дестинации.

Но, „фората“, велат, е во тоа што, за патувањето да трае еден час, авионот прво ќе треба да полета во Вселената, а потоа – како вселенскиот брод, да се спушти на платформа за слетување.

Агенцијата „Нипон тревел“ смета дека може да им ја понудат услугата на патниците веќе наредното десетлетие, а цената треба да е околу 563.000 евра. Сѐ уште не е јасно дали оваа цена ќе се однесува на повратна влезница или само на еднонасочен лет. Во компанијата се оптимисти и се надеваат дека цената на летот ќе се намали со зголемувањето на бројот на авиони.

Иако од денешна гледна точка изгледа неверојатно дека би можеле да стигнеме до другата страна на светот за еден или два часа, токму овие авиони би можеле да го обликуваат патувањето на иднината. 

Зачлени се на нашиот е-билтен