Утрово, во 06:30 часот (сабота, 8 ноември 2025), полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К. (28) од село Ваташа поради инцидент на бензинска станица во градот. Според СВР Велес, осомничената со недолично и дрско однесување кон вработените го нарушила јавниот ред и мир и туркала предмети во објектот. По интервенција на полицијата, таа продолжила со агресивно однесување и кон службените лица.
При преземените мерки, кај Е.К. биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица, а по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава. До правосилна одлука важи претпоставката на невиност.

