[Видео] Шокантно непристојна дебата во бугарскиот парламент

Бугарија

Шокантно непристојна дебата во бугарскиот парламент предизвика расправата за последиците од санкциите кон Лукоил, како руска компанија во Бугарија, што беше тема на собраниската седница.

Атмосфера во парламентот во оваа наша соседна земја се вжешти кога во настапот на говорницата, пратеникот Костадин Костадинов од Преродба, опозициска партија во Бугарија, побара одговор дали владата во Софија ќе ја прифати одговорноста за последиците што ќе ги предизвика затворањето на руската компанија.

Кога Костадинов побара пратеникот на Движњето за права и слободи Станислав Анастасов да не пишува пораки на мобилниот телефон и да ги слушне неговите пораки, Анастасов „му одговори“ со среден прст.

На тоа Костадинов му се закани дека покажаниот среден прст „ќе му го напика, да не кажам каде“.

За тоа време претседавачот на седницата се обидуваше да ја смири ситуацијата.

Полемиката меѓу двајцата народни претставници во бугарскиот парламент потоа продолжи и на социјалните мрежи каде што Костадинов рече дека „средниот прст“ на Анастасов не му е покажан само нему, туку на целиот бугарски народ.

Ова не е прв пат во Собранието на Бугарија, коешто треба да ги обединува граѓаните, како што стои на влезот на оваа институција во Софија, да се случат вакви вербални инциденти, а имало и такви со физичка пресметка.

Зачлени се на нашиот е-билтен