ОБСЕ ја пофали организацијата на вториот круг локални избори во Косово

Косово

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, изрази висока оценка за работата на Централната изборна комисија (ЦИК) и сите институции и лица вклучени во спроведувањето на вториот круг од локалните избори, кои се одржаа во 18 од вкупно 38 општини.

„По затворањето на гласачките места, им упатувам честитки на претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, и на сите кои учествуваа во управувањето и организацијата на изборниот процес,“ изјави Мекгурк, нагласувајќи дека изборите биле спроведени професионално и транспарентно.

Тој истакна дека посветеноста и професионализмот на изборните институции придонеле за зајакнување на демократијата во Косово. „Вашиот труд и одговорност се пример за демократска зрелост. Честитки до сите новоизбрани и реизбрани градоначалници – вашата работа со и за граѓаните започнува веднаш. Со нетрпение очекувам наскоро да се сретнеме,“ додаде амбасадорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен