Силен земјотрес го погоди западниот дел на Турција

Утрово Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил регистриран во близина на градот Баликесир, во западниот дел на земјата, каде живеат околу 238.000 жители.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри и бил почувствуван и во Измир, но со послаб интензитет.

Нема информации за евентуални жртви или материјални штети.

Зачлени се на нашиот е-билтен