Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина има намера да нарача 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, со цел значително да ја засили одбраната на земјата од руските воздушни напади.
Во интервју за британскиот весник „Гардијан“, Зеленски истакна дека и европските земји би можеле да му ги отстапат на Киев дел од системите „Патриот“ што веќе ги поседуваат.
Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува да наредува, како што рече, „терористички напади“ врз украинскиот енергетски систем, при што страдаат цивили и илјадници луѓе остануваат без електрична енергија и вода.

