Во ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека водејќи држава треба сите да имаат некаков бенефит. Не разбираат дека ја водат Македонија, а не Вмровија и во таа смисла се апсолутно се под нивото на историските задачи.
Ова го рече поранешниот амбасадор во ОН и универзитетски професор Љубомир Фрчкоски во емисијата „Во центар со Васко Ефтов“.
„Она што за мене е важно е дека оваа популистичка националистичка и ужасна политика на ВМРО претрпе прва лузна, тоа беше нивниот пад од 140-тина илјади гласови, тоа е важно. Инаку, тие победија со 59 општини и тука нема никаква дилема. Она што е проблем кај таква партија е тоа што таа не знае што прави со тоа, освен да речеме да го троши главниот буџет и буџетот на општините“, истакна Фрчкоски.
Тој вели дека единствена опција што ќе остане, што е прилично авторитарен завршеток на тие приказни, е да се обиде да го сруши обвинителството, „гризењето“, според Фрчкоски, без обвинителството и судството не им функционира до крај. „Тие ќе се насочат на тоа и динамиката на прогон е единствена политика која им останува во вакво скапување, во ваква еутаназија во која Македоја ја доведоа“.
“Извештајчето“, како што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече извештајот на ЕУ, е резултат на тоа кон една клучна операција која треба земјата да ја влече напред тоа е ЕУ.
„Тие го третираат тоа како извештајче“ кое не се базира на нас, не не интересира нас. Ние сме ориентирани кон внатре. Кон што сте внатре ориентирани? Луѓе, нема што да се ориентира внатре повеќе. Сѐ изедовте, сѐ е празно. И практично тоа статус кво на скапување е ужасен резултат кај партијата. Таа партија има две основи. Едно е омразата кон надворешниот свет, кон предавниците, тој нивни вокабулар, кон враќање на некакво под наводници достоинство и второ функционира како племенска организација, своите ги брани единствено. Тие не можат да разберат дека водејќи држава треба сите да имаат некаков бенефит. Вие ја водите Македонија, не ја водите Вмровија, во таа смисла се апсолутно се под нивото на историските задачи“, нагласува Фрчкоски.
Овој извештај, оценува Фрчкоски, е полош од времето на Владата на Груевски. Оваа катастрофа тие не можат да ја избришат, истакнува тој.
Во однос на темата на „српски свет“, смета Фрчкоски, оваа Влада нема никаков проблем и тој, како што вели тој „ќе пројде како нож низ путер во оваа констелација бидејќи оваа структура на ВМРО е просрпска структура“.
„Во основа е идеолошки провучичевска оперативна исто така и орбановска, каква сакате. Надворешната политика ние не сме поминале низ такво искуство на колапс и понижување, гласањата во ОН, мислам го гледате нешто како некаква мала грозна структура, полоша од Јужна Африка на времето во Апартхејд, ние никогаш не сме гласале против правото на Палестинците за самоопределување. Ние сме го користеле тоа право, на друг народ да му одредиш само заради тоа што го држиш пењоарот на САД, оваа констелација на САД и Израел“, објаснува Фрчкоски.
Фрчкоски во интервјуто се осврнува и на делот од Извештајот на ЕУ кој се однесува човековите права, каде што бевме, како што вели професорот една од најдобрите држави во делот на човекови права, малцински права, а „сега сме на последната дупка на таа линија и не гледаат како чудо“.

