Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на партијата Богаднка Кузеска.
„Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои досега веќе започнале со инвестицијата веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени и не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени.
Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе бидјеќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени? За на јавноста да и биде јасно, ваквите суспензии може да траат две до три години а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи. Ова е страшен удар за македонското земјоделство и развојот на државата! Ова е срам нанесен во европкските институции и на меѓународната сцена“ рече Кузеска.
Таа на крајот, ги соопшти и барањата на СДСМ упатени до Владата.
„Бараме итно објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата IPARD, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата и итна оставка од Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани.
Јасно е дека корупцијата е длабоко влезена во целиот систем и мора одговорност да има од сите инволвирани“ заврши Кузеска.

