Театарот „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Ехо на заборавот“

Чекори

Театарот „Чекори“, сабота 22.11 2025 во 20 часот, во Makka bar, ќе ја изведе претставата „Ехо на заборавот“, која, како што велат од театарот, припаѓа на жанрот модерна трагедија. 

Според информациите, „Ехо на заборавот“, ја истражува темата на менталното здравје, идентитетот и општествената стигма преку приказната на млад геј маж што живее со шизофренија. 

Од „Чекори“ укажуваат дека претставата содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки како што се физичко и емоционално насилство, сцени кои прикажуваат потреба на дрога, алкохол и пушење, груб јазик и ментално растројство. 

 Авторка на текстот е Ирем Генишел Бешкоска, а режијата на Маја Ѓурчевска.

Ликовите ги толкуваат Михаил Митевски, Иван Делиманов, Никола Кузманоски, Јована Гаврилоска, Никола Димевски, Маја Ѓурчевска и Валентин Видовиќ 

Авторската музика е на Валентин Видовиќ, дизајнот на светло и светло мајстор е Никола Димевски.

Дизајнот на постерот за претставата е наЉубица Делиманова, а фотографиите се на Славјан Стојанов. 

Влезници по цена од 300 денари, ќе може да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Претставата е наменета за лица над 16 години

 

Зачлени се на нашиот е-билтен