Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: Приклучувањето на Украина кон Алијансата во текот на војна не е на агендата

Украина нема да може да влезе во НАТО се додека трае војната, изјави денеска шефот на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесе Скај Њуз.

Зборувајќи на настан во Брисел, тој кажа: „Мислам дека сите го сфатија тоа, да се стане членка среде војна не е на дневниот ред“.

-Прашањето за тоа што ќе се случи ќе се одговари кога војната ќе заврши, рече генералниот секретар на НАТО

Столтенберг во повеќе наврати ветуваше дека Украина ќе се приклучи на НАТО во текот на војната.

Тој во април кажа дека сите сојузници на НАТО се согласиле Украина да стане членка и за време на неговата прва посета на Киев вети континуирана поддршка за земјата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен