Сообраќајна несреќа кај Горно Лисиче: Автомобил се превртел по судир со камион

Утрово во близина на Горно Лисиче, во делот кај железничкиот премин на патот кон Пинтија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и камион.

На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа автомобил превртен на коловозот, за кој се претпоставува дека се судрил со камион непосредно пред превртувањето.

Од првичните информации, екипи на Брза помош пристигнале веднаш по несреќата и утврдиле дека две лица здобиле полесни телесни повреди.

Се очекува надлежните институции да излезат со официјални детали за причините и околностите на несреќата во текот на денот.

Зачлени се на нашиот е-билтен