Мицкоски: Врз мене се врши политички притисок зашто сум незадоволен од судството

Мицкоски

Нема владино влијание врз судството, рече премиерот Мицкоски во интервју за ТВ Телма, но ако некој (алудирајќи на ЕУ), моето барање за промени во судството го толкува како влијание, тогаш јас ќе го трпам тој политички притисок.

Во интервју за телевизија Телма, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не е задоволна од работата на Судскиот совет и на актуелниот обвинител.

„Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски.

На прашањето зошто беше прекината постапката, премиерот објасни:

„Имаше избори, еве сега веќе нема избори и може ќе ја продолжиме. Нормално е тоа. Еве година и половина ќе се навршат со обвинител избран од претходното мнозинство, не од оваа Влада. Претходно рековме да му оставиме шанса да се покаже дека е борец за правда.“

Мицкоски додаде дека по завршувањето на целиот процес, следува смена на обвинителот.

Зачлени се на нашиот е-билтен