И покрај брзиот напредок на автоматизацијата, голем дел професии ќе опстанат, особено оние што бараат човечки вештини што машините тешко ги имитираат. Блумберг го пренесува Истражувањата на „Мекинзи“ (McKinsey) покажуваат дека целосна автоматизација е можна кај помалку од пет отсто од сите занимања – повеќето работни места содржат задачи што само делумно можат да ги извршуваат машини.
Општо земено, најотпорни на автоматизацијата се професиите што вклучуваат физички труд во непредвидливи средини, директна работа со луѓе (каде што се неопходни емпатија и човечка комуникација), креативност и уметност, како и стратегиско размислување и донесување одлуки во несигурни околности. На сите овие профили се надоврзуваат и занаетчиите, без кои светот нема да може да функционира.

