Вака изгледа облакодерот „Вјесник“ по големиот пожар

Загрепскиот облакодер „Вјесник“ утрово сè уште чади по големиот пожар што избувна во понеделник навечер и целосно го зафати објектот. Областa околу зградата е затворена за сообраќај, а на терен се и полицијата и пожарникарските екипи.

Сообраќајот по источната лента на Славонска авенија, како и подвозникот под Савска, целосно е затворен. Пожарникарите во текот на ноќта извршиле четири интервенции поради ново појавување на чад во објектот.

Утрово пожарникарите продолжуваат да работат на санација и локализација на преостанатите жаришта. Според информации од терен, екипите разбија прозорци на зградата за да можат да интервенираат одвнатре. Влез во објектот засега не е дозволен додека статичарите не ја проценат конструктивната стабилност на небодерот, но интервенцијата одвнатре е неопходна за целосно гаснење на пожарот.

Развојот на настаните продолжува да се следи во живо преку локалните медиуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен