ИРЛ: Партнерот на Дрин Ахмети и „Ѓока“ под истрага во Албанија

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) пренесува дека специјалната антикорупциска структура СПАК во Тирана ја суспендирала вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забранила излез од државата, по сомнежи за местење тендери во кои учествувале компаниите „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“.

Според официјалното соопштение на СПАК, во тендерите за тунелот Логара и обиколницата број 4 околу Тирана добитниците биле однапред договорени, со создавање „неправични предности и привилегии“ за избраните фирми.

ИРЛ потсетува дека „ПЕ-ВЛА-КУ“ е партнер на компанијата „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје и дека поседува удел во албанската „Крединс банка“, која го кредитирала Ахмети без тој да вложи сопствени средства.

„Ѓока Констракшн“ е истата фирма што беше единствен понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје – проект од кој Владата подоцна се повлече поради сомнежи за штетен договор и наместени услови.

Повеќе детали од истражувањето прочитајте на ИРЛ.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен